Норис смета дека потегот на Албон бил ОК

Ландо Норис, британскиот возач на Мекларен, смета дека контактот со Александер Албон за време на Јапонското Гранд При бил во ред и истиот претставувал само жестоко тркање и борба за позиција.

Возачот на Ред Бул се обиде да мине од внатрешната страна во пресрет на шиканата како дел од борбата за 5то место по што имаше контакт со Ландо кој за да го избегне мина надвор од патеката, ја пресече шиканата и загуби позиција. Норис на крајот заврши на 13то место мачејќи се со прегревање на сопирачките предизвикано од дел од болидот на Ферари кој влетал во ладилникот на сопирачките.

сите мислат дека сме имале некаков судар, но немавме. по мене немаше контакт, тој пристојно се обиде да ме мине и веројатно тоа го направи додека беше доста зад мене.

сопирачките целосно ми прегреваа поради остатоци од други болиди што значи дека тркалата ми се закочуваа. тој се обиде да мине додека беше доста зад мене и беше фер, но јас успеав на време да го избегнам, а можеше да дојде до силен судар. потоа влегов во бокс поради тоа што морав и трката ми беше готова.

немав ни предност во однос на гумит еод толку рано менување како што се надевав. секако ми фалеа 1-2 десетинки и тоа беше тоа. не можев д аискористам максимално од стратегијата со две влегувања во боксот – појасни ландо.

Иако Ландо признава дека потегот на Александер Албон бил ризичен, сепак е среќен и задоволен што на патеката имало жестоко тркање.

секако дека можеше да излезе многу лошо. тој ризикуваше доста затоа што порано или подоцна ќе ме поминеше затоа што беше многу побрз.

постоеше ризик, но такво е тркањето. никој не доби казна, иако како да ме присили надвор од патеката, тоа е се, така треба да се тркаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ