Норис: Стујардите се премеки во јуниорските серии

Ландо Норис верува дека возачите треба да добиваат потешки казни во јуниорските серии пред да дојдат во Формула 1. Британецот во својата кариера мина низ повеќе јуниорски серии почнувајќи од Формула Рено Еурокуп, Формула 4, Формула 3 и Формула 2 пред да дојде во врвот на моторспортот кај Мекларен.

Во одредени шампионати возачите не се доволно казнувани. Треба да има повеќе казни за да почувствуваат што значи казна. Казната од 3 места на гридот треба да се почувствува. Не да има само вербални предупредувања.

Мислам дека ќе биде добро да бидат построги. Во Формула 1 сакаме правилата да се отвораат и да се менуваат. Тоа е бидејќи не сме научени како треба од претходно. Треба да се научат од помлади и да се чувстуваат подобро подготвени, бидејќи тоа што се учи во минатото треба да се продолжи и во формула 1 каде има повеќе правила.

Треба да е спротивно. Да се почне со многу правила и да се продолжи во Формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ