Ограничен буџет е единствен начин Мекларен да го стигне врвот

Тимскиот шеф на Мекларен, Андреас Сеидл, смета дека ограничувањето на буџетите е единствен начин Мекларен да стигне до позиција во која ќе се бори со врвната тројка.

Иако предложените правила за 2021 година напредуваат многу полека, едно нешто што е договорено е ограничувањето на буџетот во износ од 175 милиони долари по сезона, кое ќе биде дел од спортот барем до 2025 година.

Мекларен немаат победа од 2012 година, додека титулата на Хамилтон во 2008 година е последен пат тимот од Вокинг да ја освои круната.

По пропаѓањето на партнерството со Хонда, Мекларен поминуваат низ голема транзиција, а пристигнувањето на Сеидл како тимски шеф е голем дел од истата. Тимот моментално е четвртта најдобра екипа во пласманот, но доколку сакаат да напредуваат повеќе, Сеидл верува дека тоа ќе биде возможно само со ограничувањето.

Факт е дека како екипа со можностите кои ги имаме, инфраструктура, буџет и познавање, ние сме слаби. Би требало да сме подобри со тоа што го имаме. Јас не сакам постојано да барам оправдувања во правилата или разликата во буцетите.

Моментално, мојот фокус е кон вадење на максимален потенцијал од тимот во овие околности. Следниот чекор се надевам ќе бидат правилата за 2021 година кои ќе се движат во правилна насока.

Едно нешто е јасно: Ако сакаме да сме конкурентни во иднина и да се бориме со останатите, тогаш ни треба еднаков терен.

За екипа како нашата ограничување на буџетот е единствен начин да се бориме со врвната тројка повторно.

Кога одлучив да дојдам во Мекларен, Зек Браун беше првиот кој стапи во контакт со мене. Веднаш беше атрактивно да станам тимски шеф на Мекларен.

Потоа имав состанок со сопствениците на тимот и сфатив дека тие се навистина посветени да продолжат со своите инвестиции следните неколку години и имаа јасна визија за враќање на врвот.

Од тој момент, јасна беше мојата одлука и го прифатив предизвикот. Сакам да водам ваква екипа кон врвот, чекор по чекор.

Мекларен помина низ тежок период последните неколку години, со многу лоши резултати. Со искуството кое го имам во мојата кариера, мислам дека може да придонесам кон позитивниот тренд кој започна годинава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ