Одбиена жалбата на Алфа Ромео за Германија

Жалбата на Алфа Ромео во врска со казните кои им ги одземаа поените на Германското Гранд При е одбиена, така што швајцарците остануваат со “празни ракави“ од Хокенхајм.

Казната од по 30 секунди за двајцата возачи значеше назадување на 12то и 13то место од првично освоените 7ма и 8ма позиција. Со ова, Роберт Кубица ќе си го задржи својот поен за 10то место, единствен поен за Вилијамс сезонава, а со два поени од хаотичната трка останува и Луис Хамилтон за своето 9то место.

Казната беше изречена поради прекршок во врска со спојката кој ФИА сметаше дека Алфа го користи како еден вид на контрола на тракцијата, нешто што во Формула 1 е забрането.

Фредерик Васур, шефот на екипата, во време на изрекување на казната откри дека проблемот бил надвор од тоа што тимот можел да го направи.

ситуацијата се појави во текот на круговите зад безбедносно возило во пресрет на местењето за стартот од место. имавме дисфункција на спојката што не можевме да го контролираме и дополнително ќе истражиме зошто тоа се случи – изјави васур по казната во германија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ