Оди ли Аривабене во Заубер ?

Швајцарски Заубер направи голема работа лани со тековниот мотор на Ферари, големата поддршка од Алфа Ромео, Шарл Леклер во кокпитот и Фредерик Васур на шефовското место, но германски Auto Bild пишува дека и Маурицио Аривабене би можел да заврши во Хинвил.

Весникот пишува дека со доаѓањето на Маурицио на чело на екипата, Заубер може да стане целосно фабрички Алфа Ромео тим, нешто што е долгогодишна желба на починатиот Серџо Маркионе. Годинава возачкиот тандем ќе го сочинуваат одличниот млад италијанец од Ферари, Антонио Џовинаци и поранешниот првак Кими Раиконен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ