Одложено гласањето за Мајами

Од денот кога го превземаа спортот, американците од Либерти Медиа работат на втора трка во нивната татковина, иако до сега Виетнам останува единствената додавка на Формула 1 календарот, иако гласинтие за Мајами како организатор на Гранд При трка се актуелни веќе подолго време.

Најголемиот град во Флорида нема проблем со финансирањето, а треба да биде домаќин на трка низ улиците на градот, нешто што вознемири многумина, особено во богатиот дел од градот Бискејн. булевар и Бејфронт парк.

Трката требаше да го има своето деби оваа тркачка сезона, но поради негодувањето на локалните жители истото е одложено за 2020 година. Првичното гласање за трката требаше да биде одржано во Септември лани и трката да биде потврдена за следната година, но истото беше одложено за шест месеци, по што требаше да се случи на крајот на Март. Главен промотор на настанот е Стивен Рос, американски милијардер, сопственик на НФЛ тимот Мајами Долфинс.

Гласањето требаше да биде одржано на 28 Март, но The Independent известува дека истото ќе биде одржано друг ден. По одржаниот состанок гласањето од страна на Комисијата за планирање и зонско уредување било преместено за 23 Мај, така што има надеж дека проектот ќе биде одобрен и изведен, иако време има се помалку.

Со цел да ја придобие публиката, Формула 1 имаше Фестивал за фановите во Мајами лани, викендот кога се одржуваше Големата награда на Америка во Тексас. ФОМ тврди дека на нивниот настан во Флорида имало 80.000 посетители, што е одлично ако се земе во предвид дека на првиот настан за фановите во Лондон имаше 100.000 посетители.

Освен оваа трка, американците од Либерти во моментов имаат полни раце работа откако со цела сила се насочени и кон задржување на традиционалните Силверстон и Монца чии договори завршуваат на крајот на оваа сезона, а треба да се седне на маса и со Германија, Мексико и Шпанија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ