Од болницата во Париз тврдат дека Шумахер е свесен

Михаел Шумахер е свесен, според анонимен извор во болницата во Париз каде Формула 1 легендата моментално се лекува.

Le Parisien пренесе неделава дека поранешниот возач на Ферари и Мерцедес бил примен во Понеделник во болницата Hospital Europeen Georges-Pompidou.

50-годишникот, кој имаше повреда на главата по скијачка несреќа во 2013 година, ќе добие екпериментален третман од стем келии. Според изворите, третманот е ризичен. Многу малку се знае околу состојбата на Шумахер, во однос дали е свесен за тоа што се случува околу него.

Италијанскиот весник La Repubblica го цитираше професорот по биологија во Милано, Анџело Вескови, според кој тој бил контактиран од некој кој близок до семејството пред неколку години.

Тие прашаа дали може нешто да се стори за него. Во тоа време, имавме обиди со вметнување на некои келии кои се користат за милтиплекс склероза во мозокот кај момче во кома, по што имавме добри резултати.

Моментално, може само да претпоставуваме околу тоа што ќе прават во Париз.

Le Parisien објави коментари од анонимен член на болничкиот тим кој работи во истата болница.

Да, тој е во мојата област. Ве уверувам дека е свесен – гласи анонимниот извор.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ