Од Силверстон демантираат дека новиот договор ги чини 25 милиони годишно

Организаторите и промтоерите на Британското Гранд При во Силверстон ги демантираат шпекулациите на медиумите во врска со годишната премија која ќе ја плаќаат на Формула 1 за организација на трката.

Во пресрет на тркачкиот викенд на легендарниот Силверстон, тие се договорија со Либерти Медиа за склучување на нов договор кој ќе ги задржи на календарот најмалку следните пет години.

Патеката е сопственост на БРДЦ кои го прекинаа претходниот договор од финансиски причини, преголема премија за трката, но британскиот печат тврди дека договорената премија за следните пет години е 25 милиони долари по сезона.

Кристијан Слит, новинар на Форбс кој се занимава со финансискиот дел на Формула 1 тврди дека договорениот износ од 25 милиони долари е 3,6% пониско од претходното.

добро информиран извор тврди дека силверстон всушност ќе плаќа 17 милиони долари, а не 25 милиони долари – продолжува слит.

Како и да е, се чини дека сопствениците секако дека добиле попуст во однос на тоа што требаше да го платат согласно претходниот договор, така што на потег за такво нешто се и промотерите од Германија, Мексико и Шпанија кои исто така се бз договори.

не знам од каде дојде таа цифра. единствена цифра која беше спомната беше на прес конференцијата, но тоа беа 125 милиони долари како износ на инвестиции кои силверстон ќе ги направи следните пет години, тоа нема никаква врска со договорот – изјави портпаролот на патеката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ