Од старт во боксот, до поени за Албон

Александер Албон имаше фантастичен пресврт откако го почна Кинеското Гранд При од боксовите поради непојавување на квалификациите, а заврши на 10то место и освои поен за Торо Росо.

Британецот со тајалндско потекло имаше очајна Сабота откако утрото го уништи својот болид на Т3 сесијата, а потоа не се појави на квалификациите. Доби нова шасија, но и целосно нов мотор откако стариот беше испратен во Сакура на испитување.

Но, се извади за грешката на трка и со едно застанување во боксот донесе поен за тимот, втор топ 10 пласман на неговата трета трка сезонава.

Запрашан кој прв му кажал дека го прогласиле за Возач на денот, тој откри дека неговиот личеј тренер го сторил тоа.

искрено, кога сте во болидот не знаете многу што се случува околу вас, туку само возите. ми кажаа дека завршив на 10то место и дека роман беше зад мене како 11ти.

не мислев дека е нешто посебно. да, почнав последен од боксот, но немав тешка и пренапорна трка.

среќен сум со признанието за возач ја денот затоа што во сабота сигурно бев најлош возач ја денот и беше одлично што во недела се вратив во игра толку добро.

Алекс потврди дека првиот план бил два пати да се застане по нови гуми, но тоа било променето.

знаевме дека ќе биде многу тесно, но се обидовме со едно застанување. последните кругови беа нервозни, но среќен сум со рзултатот особено по утринската сесија во сабота.

во сабота бев многу разочаран затоа што знаев дека имам ритам и брзина за к3 на квалификациите.

по толку разочарувачка сабота не бев расположен, но момците направија фантастична работа да го средат болидот и знаев дека морам да им се оддолжам со поени – заврши албон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ