Од Уралкали демантираат дека Мазепин ќе инвестира во Вилијамс

Од рускиот хемиски гигант, Уралкали, демантираат дека еден од нивните најголеми акционери, Дмитри Мазепин, е во преговори за превземање на Формула 1 тимот на Вилијамс.

Италијанскиот печат објави дека рускиот милијардер сакал да инвестира во тимот преку купување на голем дел од акциите со цел да ја поттурне кариерата на неговиот син, 20-годишниот Формула 2 возач, Никита Мазепин. Се верува дека Дмитри имал неколку состаноци со претставници на тимот од Гроув за време на Кинеското Гранд При.

информацијата која се појави во медиумите не е точна.

уралкали немале никакви преговори во врска со купување на тимот на вилијамс – гласи соопштението на уралкали.

Во моментов Мазепин и Уралкали сеуште водат битка преку судовите откако поднесоа тужба сметајќи дека Администраторите на Форс Индија не направиле законска работа кога тимот му го предале на Конзорциумот на чело со Лоренс Строл.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ