Од Ферари признаа дека концептот на СФ90 е целосно погрешен

Ферари признаа дека концептот на нивниот болид е целосно погрешен по последната трка во Шпанија.

Италијанскиот тим се надеваше дека со новите надградби во Барселона ќе се врати во борбата со Мерцедес, но “сребрените стрели“ се недопирливи петта трка по ред, а Ферари не успејаа да дојдат ни до подиум.

Шефот на Ферари, Матиа Биното призна дека сеуште трае истрагата за нивните проблеми, но според првичните резултати, очигледно е дека целиот концепт на болидот е погрешен. Оваа сезона Мерцедес и Ферари имаат различни концепти на болиди, Мерцедес се одлучи за болид со голема потисна сила, додека Ферари се потрудија да го исфрлат нечистиот воздух надвор од шасијата. Поради тоа, Скудерија се доста побавни во свиоците и тоа треба веднаш да се промени.

Губевме во секој свиок, не само во последниот сектор. Имаме многу подуправување. Дали е потисната сила или што друго е. Тоа е нешто што треба да го анализираме и разбереме.

Било каков заклучок сега ќе биде погрешен. Потребни се неколку дена за анализа. Дали е балансот или потисната сила, не знаеме сеуште. Мислам дека додека не го знаеме одговорот нема да превземеме ништо – анализира биното.

Претходно Мерцедес имаше проблеми на тестирањата и изјавуваа дека за промена на концептот ќе им е потребно многу време. Сепак Биното верува дека уште веднаш може да се направи промена, но дали е катастрофа нивниот концепт тој одговори:

Не мислам дека е катастрофа и може да се поправиме. Сеуште сме во фаза на учење. Мислам дека во однос на процес и методологија треба уште многу да се учи и среќен сум што тимот напредува. Ова беше прв концепт да се види што можеме и како можеме да се справиме со предизвикот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ