Окон нема да почне со Рено уште сезонава

Естебан Окон нема да почне да работи со фабричкиот тим на Рено уште оваа сезона. Французинот е задоволен што се враќа на гридот следната година.

како што реков, проектот на рено ми се допаѓа и не сметам дека промената е лоша за мене. тие сакаат свежина, совет, нов начин на работа и различен начин на размислување – појасни окон за германски Auto Motor und Sport.

Французите инсистираа дека по крајот на двегодишната соработка со возачот ќе имаат нови и темелни преговори со менаџментот на возачот. Едногодишен договор би значело дека возачот би бил ослободен следната година кога нити Ботас нити Хамилтон имаат договори со Мерцедес.

во реалниот свет цврст договор и место кај производител е одлиќна можност на гридот. јас работам со тоа што ми е на располагање.

не сум сигурен околу шансите на рено, треба да останеме реални. сонот е далеку и титулите се само желба во моментов.

но, во формула 1 многу работи може брзо да се сменат, а новите правила од 2021 година може да вознемират многумина. никогаш не се знае кој ќе има најсилен болид.

Во врска со неговата блиска иднина, Волф смета дека одговорностите на Окон во Мерцедес се договорени, а неговата работа во Рено ќе почне дури во Јануари.

сеуште имам незавршена работа во мерцедес пред себе. веројатно нема да тестирам за рено во абу даби, но јасно е дека сакам да почнам колку што можам побрзо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ