Окон нов тимски колега на Рикардо во Рено?

Резервниот возач на Мерцедес, Естебан Окон, ќе биде ослобен од неговиот договор со Мерцедес и ќе се приклучи на екипата на Рено за 2020 година според извори на Auto Bild.

Мерцедес најверојатно набргу ќе го објават својот возачки тандем за 2020 година, а тимскиот шеф Тото Волф откри дека местото покрај Луис Хамилтон ќе биде понудено на Естебан Окон или Валтери Ботас, без друга конкуренција.

Auto Bild тврди дека Волф ќе го продолжи договорот со Ботас и ќе му дозволи на Окон да ја продолжи својата Ф1 кариера покрај Даниел Рикардо во Рено.

Шефот на Рено, Сирил Абитебол, сигурно би ја искористил можност да привлече француски талент во тимот. Но таа одлука, доколку се изведе, би го оставила Нико Хулкенберг без возачко место.

Сепак, германецот можеби ќе најде место во американскиот Хаас, каде четири години долгата кариера на Гросжан се очекува да заврши. Во тоа сценарио, Хулкенберг ќе вози покрај Магнусен, со кој има прилично “солено“ искуство досега во неколку наврати.

Во скорешно интервју, данецот сепак истакна дека нема ништо лично против Хулкенберг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ