Окон сака да донесе новини во Рено

Естебан Окон цели да донесе новини, свеж пристап и да му помогне на Рено следната тркачка  2020 година.

По една година без тркање и работа само во симулаторот на Мерцедес, францускиот возач се враќа на Формула 1 гридот преку фабричкиот тим на Рено. 22-годишникот ќе се потпира на својот талент, но и на искуството од работата со шампионскиот тим на Мерцедес.

во моментов работам во шампионска екипа која доминира во формула 1 неколку години и научив многу. само го продолжив и надоградив своето искуство од форс индија и од другите серии каде се тркав како на пример дтм. некои работи ги гледам од поинаков алог и ќе донесам нови перспективи, тоа се очекува од мене. сакаат свежина, совети и различен начин на размислување. се надевам дека моето доаѓање ќе му помогне на тимот – објасни окон за германски Auto Motor und Sport.

Тој појасни дека годинешното искуство од работата во фабриката на Мерцедес му донело огромно техничко знаење. Фактот што паузираше годинава и не се тркаше го научило на многу работи кои се случуваат надвор од кокпитот на болидот.

екипите очекуваат да видат како нивниот возач реагира во различни ситуации за да знаат како да се справат со него, но тоа ретко кој го забележува. возачот во кокпитот не слуша се и нема можност да види се. оваа година многу ќе ми помогне да донсам вистински одлуки и да одговорам на вистински начин за да ги задоволам сите. бев на средина од многу трансфер шпекулации, знам како функционира политиката, но преферирам да зборувам на патеката.

Договорот кој го потпиша Окон е со важност од две години, така што следната година неговото име нема да биде поврзувано со трансфери.

подолгорочниот договор ви дава безбедност. понекогаш местото може мнгоу брзо да ви избега иако мислите дека ви е сигурно, тоа го научив лани.

одлично е што нема да морам да се грижам за следните две години и ќе можам да се концентрирам на тркањето без никакви надворешни влијание.

годианва имав време за многу други работи затоа што не возев, но кога се вози треба целосна посветеност. во среќна ситуација сум со луѓе околу себе кои ми помагаат.

Запрашан кои се луѓето кои му помагале и ќе му помагаат на новото работно место, тој го посочи советникот на Рено и четирикратниот Формула 1 шампион, Алан Прост.

често сум во контакт со него во последно време, тој е одличен и многу ми помага. стана еден вид мој ментор и учител и ми даава одлични совети. коа разговарам со него никогаш не сакам да престанам, ги апсорбирам неговите зборови и разговараме со часови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ