Окон: Успехот на Хамилтон не е случаен

Резервниот возач на Мерцедес, Естебан Окон има различно гледање на успехот на Луис Хмаилтон оваа сезона.

Поранешниот возач на Форс Индија/Рејсинг Поинт работи во симулаторот и викендите ги поминува покрај патеката. Тој работи блиску со Мерцедес зад сцената и е инспириран за корисни работи што ги учи за неговата иднина.

Гледате зошто Луис е успешен и има толку титули. Тоа не е коинциденција. Кога е на патеката работи напорно и ги поставува вистинските прашања. Тоа е нешто интересно.

Не го познавав добро и имав различна слика за него, Но сега знам како функционира. Ако сте успешен има причина поради која сте успешен, а тој е на врвот. Така ќе продолжи уште долго време.

Хамилтон и Ботас победија на првите седум трки поради кои Мерцедес има одличен старт на сезоната. Тимот освои повеќе поени од кога и да е на последните седум трки. Актуелниот шампион Луис Хамилтон е доста критикуван и има 78 победи и 85 пол позиции од кои повеќето со Мерцедес со кои доминира во последните години.

Од внатре изгледа многу попредизвикувачки. Секогаш изгледа како да е под контрола но всушност не е. Многу се дебатира за тоа што се случува внатре во тимот. Не е лесно да се победи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ