Окон чека менаџерите да му ја решат иднината

Резервниот возач на Мерцедес, Естебан Окон, вели дека неговиот менаџерски тим веќе превзема чекори, вклучувајќи го и Тото Волф, да му најдат возачко место во Формула 1 за 2020 година.

Окон беше жртва на превземањето на Форс Индија минатото лето од страна на група на инвеститори предводени од Лоренс Строл, татко на Ленс Строл, што значеше пристигнување на канаѓанецот како замена за Окон.

Окон 2019 година ја поминува во гаражата на Мерцедес, работи во симулаторот, како и присуствува на брифингзи за време на тркачките викенди додека го чека своето враќање на гридот.

Нашата цел, не само моја, е да се вратам во болидот најбргу што може. Моментално мојот цел менаџмент, вклучувајќи го и Тото, работат за да ме вратат во тркачкото седиште следната година и мислам дека преговори се веќе започнати.

Најбргу што може, тоа би било одлично. Тоа би било најдобро. Се надевам дека ќе има решение за мојата иднина многу, многу брзо. Верувам во луѓето околу мене, кои ќе завршат добра работа и само тоа ми останува, да верувам.

Оваа година работев многу. Мислам дека тоа што го правиме во симулаторот, јас што присуствувам на трки, му помага на тимот да извади перформанси.

Да се биде дел од овој фантастичен тим, секогаш може да научите многу. Знаењето е бесценето. Тие победуваат откако започна хибридната ера и имаат многу знаење.

Кога ќе се вратам, ќе бидам повеќе подготвен и покомплетен како возач. Ова е одлична шанса што можам да бидам во овој тим.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ