Окон ќе го замени Гросжан во Хаас?

Се погласни се информациите дека французинот Роман Гросжан ќе биде заменет со Естебан Окон по трката за Големата награда на Германија.

Во Силверстон двајцата возачи на Хаас се судрија и предвреме ја завршија трката. Тимот покрај проблем со возачите има и проблем со главниот спонзор Рич Енерџи. Медиумите пренесуваат дека Гунтер Стаинер високо го цени Окон и би сакал да дојде во неговиот тим.

Анонимен извор на сајтот Reddit вчера напиша.

Близок сум со некој кој бил на многу трки со голем успех. Тоа што го слушам после трката во Британија, Стаинер е бесен на неговите возачи и му побарал дозвола на Џин Хаас да отпушти еден возач.

Се зборува дека Окон ќе го замени Гросжан. ТОа е можно веќе по следната трка. Тоа е се што можам да кажам во моментов.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ