Организаторите во Мексико го прифатија извинувањето од Ауто Хебдо

Организаторите на Мексиканското Гранд При го прифатија извинувањето од францускиот весник, Ауто Хебдо, по загрижувачките коментари околу трката.

Ауто Хебдо истакна дека Ана Габриела Гуевара, која е на чело на Националната Комисија за Физичка Култура и Спорт во Мексико, имала негативни коментари околу враќањето на Мексиканското Гранд При на календарот.

Трката се врати во 2015 година, за прв пат по пауза од 20 години, а Гуевара наводно истакнала дека тоа се случило само поради корупција. Но таа во изјава која е објавена од организаторите негира дека имала интервју со Ауто Хебдо и дека имала негативни коментари.

Не знам кој го напишал тоа и кој го објавил. Јас немам дадено таква изјава. Никогаш не би била против настан кој е толку позитивен за нашата земја.

Организаторите побараа објаснување и откако го добија, објавија уште една изјава во која го прифаќаат извинувањето и појаснија дека нивната цел е да се согласат на нов договор за трката кој моментално има уште една година од моменталниот договор.

Формула 1 Големата Награда на Мексико и ОМДАИ ФИА Мексико ја прифаќаат изјавата од Ауто Хебдо и нивното извинување.

Многу сме горди со тоа што го постигнавме од враќањето на трката на календарот во 2015 година. Нашиот договор истекува во 2019 година и одвај чекаме да ги започнеме преговорите за обнова на истиот со сите вклучени страни.

Нашиот настан функционира на основа на стриктни правила и целосна транспарентност. Ќе продолжиме така и ќе се осигураме дека тоа ќе биде промоција за нашата земја на позитивен начин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ