Откако сите се занимаваа со тимските наредби, Фетел незадоволен од медиумите

Откако доби многу прашања околу тимските наредби кои Ферари ги воведува на секоја трка, Себастијан Фетел се лаути на новинарите во Шангај.

По првите 10 кругови во Кина, Скудерија му дојави на Шарл Леклер да го пропушти Себастијан Фетел оти е побрз, иако младиот возач негодуваше, сепак го стори тоа. По трката, тој побара објаснување од тимот, го доби и страстите беа смирени.

Но, Себ доби многу прашања на прес конференцијата по трката, како и на останатите активности пред медиумите, по што не издржа.

знаев дека ваков момент кога-тгоаш ќе дојде и дека ќе морам да се соочам со вакви прашања. не сум сигурен дека сакам да ги одговорам затоа што не ми се допаѓа начинот на кој сите вие новинарите работите затоа што собирате по малку од секој мој одговор и целосно ја извртувате работата.

ако повторно ме прашате за половина час во падокот, можеби ќе ви дадам искрен одговор, но вие нема да го напишете. така рабоите, не е до мене – нервозно прокоментира фетел.

Германецот секако дека застана во одбрана на одлуката на тимот која се базираше на тоа дека тој е побрз од колегата и треба да биде пропуштен.

почувствував дека сум побрз од него, ме прашаа дали можам и побрзо им одговорив дека можам. бев изненаден дека кога дојдов до празен просор пред себе се мачев да склопам добри и брзи кругови.

штом најдов ритам успеав да се одлепам, но целта беше да се стигне мерцедес, но во тој момент разлиакта беше голема.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ