Откриени плановите за новата фабрика на Рејсинг Поинт

Откриени се плановите за новата фабрика на Рејсинг Поинт во Силверстон со вредност од 25 милиони фунти.

Дозволата за градба ќе биде добиена месецов, а тимот се надева дека ќе може да ги постават темелите подоцна годинава, додека целосната изградба се очекува да заврши на време пред почетокот на сезоната во 2021 година. Фотографиите беа ексклузивно промовирани за магазинот F1 Racing.

Ова е ново поглавје, зора на нова ера и има многу енергија помеѓу акционерите да инвестираат и да му помогнат на тимот да стане постојан конкурент за подиуми во иднината.

Тимот е постабилен од било кога и е во подобри раце, а овој проект цели да ги привлече најдобрите ресурси во Формула 1 – изјави тимскиот шеф, Отмар Шафнауер.

Моменталната фабрика на Рејсинг Поинт е базирана спротива од влезот на патеката Силверстон, на површина од 3 ари. Оригинално беше изградена за екипата на Џордан и нивното деби во 1991 година, а од тогаш е домаќин на повеќе екипи како Мидланд, Спајкер и Форс Индија.

Но фабриката не ги исполнува барањеата со бројот на вработени за една модерна Формула 1 екипа. Во последната декада, бројот на вработени во Форс Индија се зголемува значително. Откако ги превзеде Рејсинг Поинт, бројот на вработени е зголемен од 280 во 2009 на 405 годинава. Од тој период тимот додаде уште 20 вработени и планира да додаде уште 180 во следните 2 години додека е во потрага по перформанси.

Нашата нова фабрика ќе биде дома на проширувањето кој го планиравме за да достигнеме до 600 вработени. Потребно е сите да бидат под ист кров. Сепак, ќе продолжиме со нашиот карактер. Се ќе биде изградено со намера за перформанси – додаде Шафнауер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ