ОФИЦИЈАЛНО: Албон го менува Гасли уште во Белгија

Ред Бул официјално објавија дека Александер Албон, возачот на Торо Росо, ќе го замени Пјер Гасли во тимот од Милтон Кинс од следната трка во календарот, Големата награда на Белгија.

Французинот Гасли дојде во екипата за да го пополни испразнетото место по заминувањето на Даниел Рикардо во фабричката екипа на Рено, но имаше лош прв дел од сезоната откако беше силен во јуниорскиот Торо Росо лани. Пјер има речиси три пати помалку поени од Макс Верстапен и драстично послаби перформанси од него.

Најповиканите во Ред Бул, шефот Кристијан Хорнер и Советникот Хелмут Марко, тврдеа дека Гасли ќе ја доврши сезонава, но по се изгледа дека тоа биле “приказни за мали деца“ затоа што по 12 трки, Пјер го напушта тимот.

ред бул се во уникатна положба да имаат талентирани млади возачи под договор и истите може да бидат ротирани помеѓу сениорскиот ред бул и јуниорскиот торо росо. тимот ќе ги искористи следните девет трки да ги процени перформансите на алекс со цел да донесе финална одлука за тоа кој ќе вози крај макс во 2020 година – гласи соопштението од Ред Бул.

Од Милтон Кинс информираа и дека Гасли се враќа во Торо Росо и ќе му прави друштво на русинот Даниил Квјат до крајот на годината. Самиот Квјат во 2016 година беше вратен од Ред Бул во Торо Росо за да направи место за Макс Верстапен, а сезонава има собрано вкупно 27 поени, споредено со 16те на Албон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ