ОФИЦИЈАЛНО: Гросжан останува во Хаас и следната година

Американскиот Формула 1 тим, Хаас, нема да има промени кај возачите следната 2020 година откако одбраа да г озадржат французинот Роман Гросжан крај Кевин Магнусен кој има активен договор.

Роман е со Хаас откако тие влегоа во Формула 1 во 2016 година, но сезонава има лоши перформанси што го натера шефот на тимот, Гунтер Стаинер, да размислува за Нико Хулкенберг како опција за следната година. Сепак, во екипата беше решено французинот да остане 5та сезона и да продолжи да соработува со К-Маг.

секогаш велев дека моја желба е да останам во хаас и да придонесам во развојот на тимот. тука сум од почетоците и работам со џин хаас и гунтер стаинер за да го направиме тимот конкурентен. среќен сум што продолжувам да бидам дел од тоа.

да се заврши на 5то место кај конструкторите лани во 3та сезона за екипата беше нешто посебно.

сезонава имаме предизвици, но го користиме ланското искуство како и овогодишното за да напредуваме за следната година. нетрпелив сум да продолжам да работам со кевин и со сите во тимот – изјави задоволниот гросжан.

И покрај тешката сезона, американците одбраа континуитет кај своите возачи, иако ВФ19 болидот се покажа брз за еден круг, но бавен за на трка поради неможноста соодветно да се менаџираат гумите. Скоро тимот се збогува и со својот главен спонзор, Рич Енерџи, по многуте проблеми кои компанијата за производство на енергетски пијалоци ги имаше.

искуство и потребата од тоа се темелите на хаас, а со роман гросжан и кевинг магнусен следната година продолжуваме да имаме тандем кој нуди добра платформа за да продолжиме со растот.

нивното разбирање за начинот на работа со тимот и нашето знаење за тоа што можеме да добиеме од нив ни дава вредност и континуитет за силни темели и надоградба на екипата.

имаме тешка година со големи флукуации во перформансите на ВФ19 болидот, но нашата способност е да го искористиме ова и да научиме, да се подобриме и да одиме понатаму следната година – изјави стаинер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ