ОФИЦИЈАЛНО: Мексико го продолжи договорот до 2022

Мексиканското Гранд При е потврдено до 2022 година, што стави крај на сите сомнежи околу трката и нејзината иднина.

По 2019 година постоеше несигурност околу трката откако ја загуби подршката од Владата, што беше клучна за враќањето на календарот во 2015 година.

Сепак, приватно финансирање ја обезбеди иднината на трката, која привлекува голема публика поради домашниот возач Серхио Перез.

Тригодишното продолжување на договорот официјално беше потврдено по потпишувањето со Формула 1, тркачкиот промотер и градските власти.

Присуството на Формула 1 во нашиот град е продолжено за уште три години, беше постигнато за прв пат откако воведовме нов финансиски модел каде јавни финансии не се користат.

Претходно владата учествуваше во настанот. Тие ќе бидат дел од проектот, што ќе создаде доверба и која ќе ја зголеми инвестицијата од приватните фигури.

Цената на билетите ќе остане иста како во изминатите години – изјави градоначалникот на Мексико Сити, Клаудија Шеинбаум Пардо.

Ова беше втора трка која беше по закана да го изгуби учеството, по Силверстон кои од скоро го обновија својот. Трките во Германија, Шпанија и Италија сеуште се под знак прашалник.

Задоволни сме што го обновивме партнерството со Мексико Сити, кои ќе го одржуваат Мексиканското Гранд При до 2022 година.

По враќањето на календарот во 2015 година, настанот се докажа како екстремно популарен за фановите, не само за Мексико, туку и во светот. Доказ за тоа е фактот што тркачкиот промотер ја доби наградата од ФИА за најдобар настан четири години по ред, а преку 1.3 милиони гледачи присуствуваа во тој период.

Тоа е важен економски двигател на градот и го подржува туризмот. Сакам да му се заблагодарам на градоначалникот, на целата влада на Мексико Сити и нивните напори Формула 1 да продолжи во Мексико – изјави Чејс Кери.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ