ОФИЦИЈАЛНО: ФИА ја отфрли жалбата на Ферари

Жалбата на Ферари за казната на Себастијан Фетел официјално е отфрлена од ФИА. Италијанците бараа повторно разгледување на казната на Фетел што го чинеше тимот победа. Фетел излета од патеката и според стујардите небезбедно се вратил на истата и го притиснал Луис Хамилтон до ѕидот.

Од Ферари изјавија дека имаат нови големи докази со кои на стујардите ќе им покажат дека треба да ја помогнат својата првично донесена одлука.

Сепак до промена на одлуката не дојде бидејќи според стујардите немало нови и значајни елементи кои би довеле до промена на одлуката. Поради тоа ново разгледување нема да се случи.

Стујардите одлучија дека од новите седум докази, пет биле пред крајот на натпреварувањето.

Видео анализата на Карун Чандхок за Скај Спорт Ф1 била понудена од страна на Ферари, но според стујардите тоа е лично мислење на трето лице. Друго видео од камера насочена кон Фетел не било релевантно бидејќи било веќе видено.

Доказите презентирани до стујардите биле веќе достапни кога ја донеле одлуката.

Докази на Ферари:

  • анализа на податоците од телеметријата во болидот на Фетел.
  • видео анализа од камерите во болидот на Фетел (поглед кон напред, поглед од врвот на болидот, камерите крај кацигите на Фетел и Хамилтон) подготвени по крајот на трката,
  • видео анализа подготвена од Карун Чандхок за Скај Спортс по крајот на трката,
  • видео од камерата свртена кон Фетел која Ф1 Лимитед ја објави по трката,
  • моменти од трката покажани по крајто на истата,
  • анализа на ГПС податоците од движењето на болидите на Фетел и Хамилтон во кругот кога се случи инцидентот и во претходниот круг и
  • изјава од сведокот Себастијан Фетел.

За потсетување, за небезбедно враќање на патеката на втората денешна тренинг сесија, кај стјуардите беше повикан Луис Хамилтон, но тој не доби никаква казна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ