Пантера сериозни за влез во спортот

Новата Формула 1 екипа, Пантера е се посериозна да дебитира во Формула 1 од 2021 година со новите правила на сила.

Во текот на летото медиумите пренесоа дека екипата Пантера сака да изгради своја фабрика непосредно до легендарната патека Силверстон. Германски Auto Bild пишува дека целосното име на тимот ќе биде Пантера Тим Азија Ф1.

Еден од основачите е Бенџамин Дуранд најпознат по вклученоста по рускиот проект СМП Рејсинг предводен од милијардерот Борис Ротенберг под чија закрила е резервистот на Рено, Сергеј Сироткин.

наша цел е формула 1 од 2021 година – потврдил дуранд.

Германците пишуваат и за другиот основач на тимот, Мајкл Ортс, француски адвокат кој беше поврзуван и Кина Ф1 Рејсинг Тим.

Пантера сака бизнис модел налик на она што го работи Хаас со оглед на буџетското ограничување од 2021 година, но соработката да биде со француски Рено.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ