Папата ќе добие скулптура од Сена

Папата Францис ќе добие посебна, бронзена скулптура од Аиртон Сена како дел од 25-та годишнина од смртта на бразилскиот возач.

Скулптурата е дело на внуката на Аиртон, Паула Сена Лали, а ќе му биде врачена на Папата од страна на сестрата на Аиртон, Бианка која е директор во Институтот Аиртон Сена. По предавањето на скулптурата, истата ќе стане дел од Музејот во Ватикан.

Скулптурата се вика ‘Meu Ayrton’, а идејата за истата дошла од мајката на Аиртон, Нејде Сена пред три години. Церемонијата за означување на 25-годишнината од смртта на возачот ќе биде јавна.

многу сум горда што добив задача од баба ми која сакаше портрет по кој аиртон се памти во семејството, односно да се истакне неговата топлина.

го прифатив предизвикот иако знаев дека ќе биде тешко затоа што многу дела не се одобрени од нашето семејство, а уште помалку од баба ми (мајката на аиртон) која е позната по многу високтие стандарди – изјави Паула Сена Лали.

Церемонијата ќе се одржи во Ватикан во Среда наутро, но Сена Лали не може да присуствува затоа што е трудна со своето второ дете.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ