Патрицио О’Вард е нов член на Академијата на Ред Бул

Патрицио О’Вард, возачот во Индикар серијата и актуелен првак во јуниорската Инди Лајтс, е нов член на јуниорската екипа на Ред Бул, таканаречената Академија за млади возачи.

Мерксиканецот ќе продолжи да се трка во Индикар за Карлин, но е воодушевен од можноста кој ја добил од Ред Бул, што ќе му даде шанса да работи кон својот сон, а тоа е Формула 1.

ова е одлична можност за мене, затоа што како и секој возач и мој сон е да се тркам во формула 1 и би дал се да станам првак во таа серија. ред бул јуниорската екипа ми дава можност за тоа и тоа е фантастично за мене.

воодушевен сум што ќе проолжам да се тркам во индикар со карлин и по индијанаполис 500 трката. приоритет ни се нормалните патеки, а не овалните како инди.

горд сум што ме повикаа да бидам член на ред бул и му благодарам на доктор хелмут марко и ред бул што го видоа мојот потенцијал. мојот фокус е индикар оваа сезона со карлин, имаме одличен пакет и голем потенцијал. убаво е да се тркате во околина која ви дава толку многу поддшка – изјави о’вард.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ