Перез бара промени кај шиканата во Монако

Серхио Перез бара промени на шиканата во Монако со цел построго да се казнат оние кои ќе решата да ја пресечат истата.

Мексиканецот се бореше со Кевин МАгнусен од Хаас за време на трката во Недела, а кога го нападна данецот, тој мина преку тротоарите и остана пред возачот на Рејсинг Поинт. К-Маг доби казна од пет секунди на своето време и наместо 12то место на кое ја заврши трката, пласманот го смести на 14то.

разочарувачки е затоа што во монако добивате шанса само за еден потег, го правите тоа, а болидот пред вас пресекува, останува на исто место и повеќе немате можности да нападнете. дефинитивно треба да се разговара за тоа.

да бидам фер, болидот пред вас ви дава простор, но штом застанете еден крај друг, тој едноставно нема каде да оди – објасни чеко.

Решение за проблемот Перез смета дека може да биде шикана во делот за излетување која болидот кој ќе ја пресече Нувел ќе мора да ја мине по што ќе се забави и нема да излезе врз оној кој претходно го минал.

мислам дека треба да има мала шикана за оние кои ќе сакаат да ја пресечат малата и на тој начин да губар време. нешто што треба да се размисли за догодина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ