Перез задоволен од фантастичниот прв круг и совршената трка

Фантастичен прв круг и совршена трка најдобро го опишуваа Кинеското Гранд При за Серхио Перез, возачот на Рејсинг Поинт кој дојде до 4 поени односн 8мо место.

Мексиканецот стартуваше од 12то место, но со одличен прв круг напредуваше четири позиции. По квалификациите се чинеше дека тимот нема ритам, но тој успеа да го сочува своето место до крајот иако беше напаѓан жестоко од Алфа Ромео-то на Кими Раиконен.

имав фантастичен прг круг, видов празнини и ги искористив успевајќи да надоместам многу позиции.

бев под голем притисок од побрзи болиди како на пример оној на кими раиконен, а во исто време даниел рикардо на почетокот ме притискаше затоа што беше на многу брзи квалификациски гуми – објасни чеко.

Квалификациите на Рејсинг Поинт мора да се подобрат, но тимот работи одлично да ги извади перформансите со кои располага РП19 болидот.

задоволни сме со резултатот и можностите треба максимално да ги користиме додека болидот не е на нивото на кое очекуваме и сакаме да биде. треба да излеземе и да возиме над можностите како што направивме денеска.

завршивме одлична работа со фантастичниот прв круг и одличното менаџирање на гумите. мислам дека имав совршена трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ