Перез: Магнусен прекрши џентлменски договор

Серхио Перез смета дека Кевин Магнусен предизвикал инцидент со тоа што не се држел до џентлменскиот договор помеѓу возачите.

На последниот свиок, Магнусен беше притиснат до ѕид на последната кривина во пресрет на почетокот на кругот. Двајцата возачи беа на загревачките кругови и се подготвува за симулациите на квалификации, односно за летечки круг.

Мексиканецот бил свесен дека Магнусен е зад него и дека забавувал бидејќи Ботас зад нив се подготвувал за својот летечки круг.

На Кевин му било кажано дека има доволна разлика со Перез. Серхио излезе од свиокот, во тој момент Магнусен забрза и проба да го престигне и за малку ќе завршеше во ѕидот. По инцидентот двајцата возачи беа повикани кај стујардите и беа опоменати. Ова е прва опомена за мексиканецот.

Стујардите одлучија дека двајцата возачи се подготвуваа за брз круг следени од два мерцедеса. Перез бил на внатрешната страна на тркачката линија и Магнусен помислил дека Перез ќе влегува во боксот.

Магнусен тргнал да го престигнува Перез, во тој момент и Перез забрзува и разликата се намалува при што ќе дојдело до контакт. Стујардите одлучија дека маневрот на Перез бил непотребен и загорзувачки – објаснија стјуардите.

Перез даде свое мислење за инцидентот.

Нема правило, тоа е џентлменски договор. Сите почнуваат со излезен круг. Никој не очекуваше Магнусне да биде таму. Некои возачи се држат до тој договор, некои не. Мислам дека треба нешто друго да смисли. Не е добро да се гледа тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ