Перез не е љубител на долевање на гориво

Возачот на Рејсинг Поинт, Серхио Перез, не верува дека враќањето на дополнувањето на гориво во Формула 1 ќе биде од корист за спортот.

Перез го сподели своето мислење за планот предложен од Жан Тод, кој побара од Ф1 шефовите да истражат дали враќањето на долевање на гориво ќе го “зачини“ шоуто.

Сепак, Перез кој не беше дел од Формула 1 во ерата на долевање на гориво, кое пак беше забрането од 2010 година, смета дека тоа ќе ја зголеми разликата помеѓу тимовите на врвот и тие во средината.

Не сум искусил долевање на гориво, немам голем аргумент од моја страна, Но колку повеќе менуваме, толку поголема предност ќе имаат големите екипи. Ќе видиме што може да воведеме во 2021 година.

Долевањето ќе биде добро за трката, но мислам дека ако имате ваква разлика на гридот, дали ќе промени нешто? Јас не верувам во тоа.

Мислам дека болидите се тешки, особено кога стартувате на трката со 100 килограми, тоа е прилично тешко. возам веќе 9 години со ваков болид. Гледачите сакаат добро шоу. Не се грижат дали ќе користиме 5 килограми или 100 килограми.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ