Перез признава дека е изненаден од формата на Строл

Серхио Перез вели дека е изненаден од формата во трка на неговиот нов тимски колега, Ленс Строл, годинава.

Строл пристина во Рејсинг Поинт, кои се во сопственост на неговиот татко Лоренс, по две години во Вилијамс, кои пак паднаа на самото дно. Строл имаше проблеми со квалификациите годинава, се пласираше во К2 само еднаш и сеуште не го поразил мексиканецот во текот на еден круг.

Но тој освои поени во четири трки, додека Перез во три и е пред него во пласманот.

Мислам дека откако пристигна во тимот, јас сум изненаден со неговиот ритам во трка, тоа ме зачуди. Претходно изгледаше дека јас имам предност, особено во трките, но Ленс од почетокот е подобар.

Мислам дека неговата форма е прилично добро, тој се подобрува. Возачот кој е денес во однос на тоа што беше кога пристигна е значително подобрување и ќе следи повеќе од него.

Добро се покажа. Тој е тркач, како мене и мислам дека во трките врши добра работа земајќи ги во предвид перформансите на болидот до сега.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ