Перез свесен дека трката во Мексико ќе исчезне

Серхио Перез призна дека е свесен оти неговата домашна трка во Мексико Сити нема да биде дел од календарот следната година.

Либерти Медиа сака да го прошири календарот, но за следната година се решија да останат исти број на трки како и годинава, холандски Зандворт и трка во Виетнам се додаваат, а за сметка на тоа две дестинации треба да отпаднат. Се чини дека Барселона и Мексико се најсериозни кандидати да исчезнат од календарот.

се надевам дека трката ќе остане на календарот затоа што е многу важна за мексиканските фанови и за целата земја. преговорите се во тек, но ситуацијата не изгледа многу надежна – откри чеко.

Возачот е многу близок со фановите на спортот во Мексико и е поддржан од милијардерот Карлос Слим.

ова е политичка одлука и не зависи воопшто од мене, иако јас можам да се обидам да наметнам некакво влијание.

спонзорите од мексико се присутни во формула 1 долго пред трката да се врати во календарот. да видиме какви ќе бидат последиците, но јас не сметам дека трката беше организирана само за мене, иако секако дека присуство на возач од мексико имаше удел во одлуката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ