Перез: Секогаш е тешко да се изгуби место во последниот круг

Серхио Перез смета дека шестото место во Белгија е добар резултат за Рејсинг Поинт, особено по проблемите со ладењето во петочните сесии.

Рејсинг Поинт имаа брз болид, но и Перез и Строл имаа проблеми со загревање. Сепак, тие проблеми бргу беа решени, што му дозволи на мексиканецот да ги освои првите поени по Азербејџан во Април.

Откако Ландо Норис се откажа на петто место во последниот круг, Перез веќе целеше кон таа позиција, но Александер Албон го нападна и претекна Перез.

Ова беше добар резултат за тимот, особено по проблемите во Петок. Имавме тешка трка, од почетокот до крајот, но освоивме значителни поени и имаме позитивен моментум за следните неколку трки.

Имаше малку хаос на стартот, што го избегнав, но ме чинеше 2 или 3 позиции. Од тој момент се борев цело време. Петто место изгледаше возможно, но на крајот Албон беше многу силен и немавме шанса против него.

Нашата стратегија беше прилично агресивна, на крајот не чинеше. Секогаш е тешко да се изгуби позиција во последниот круг, но направивме се што можеме. Севкупно позитивни перформанси за нас. Спа е трка каде генерално сме добри, така што ќе биде интересно каде ќе бидеме следните трки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ