Перез ќе ја напушти Ф1, ако не добие можност за подиум

Серхио Перез најави дека размислува да ја напушти Формула 1 во 2021 година дококлу новите правила не донесат можност и тој да биде на подиумот на трките.

Возачот на Рејсинг Поинт знае “да украде“ по некоја можност од водечките во некои хаотични трки и да заврши на подиум, тоа му се случи осум пати во кариерата.

никогаш не се знае што може да се случи во формула 1. јас секако знам дека нема да останам уште многу години ако ништо не се промени. во спортот сум долго време, но си реков дека ако до 2021 година не сум во позиција да се борам за подиуми не гледам зошто би останал во оваа тркачка серија – најави чеко.

Договорот на Серхио со екипата е со важност до крајот на сезонава, но тој неколку пати изјавува дека сака да остане во тимот.

она што се случи изминатите 12 месеци со екипата е причина повеќе за мое останување. во оваа екипа сум долго време и свесен сум дека имам недовршена работа и не сум искористил се што можам.

по се што се случуваше со администрацијата превземав други обврски со овој тим и овие луѓе. поради тоа сакам да останам и сакам долгорочен договор.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ