Петробрас бара раскин на договорот со Мекларен

Мекларен изгледа дека ќе го загубат нивниот снабдувач со гориво и масло и главен спонзор, Петробрас, откако бразилскиот претседател Жаир Болсонаро откри дека компанијата сака да го раскине договорот.

Британскиот тим потпиша договор со Петробрас, компанија која е во државна сопственост на Бразилската влада, уште во 2018 година, кога тие станаа официјален снабдувач на гориво и масло за екипата во договор со вредност од 150 милиони фунти во времетраење од 5 години.

Иако тимот досега добил помалку од половина од сумата, а останатата сума е насочена кон развор и истражување за Петробрас, тоа сепак ќе биде удар за Мекларен кои уживаат во својот најдобар старт во последните неколку години. Моментално се на 4то место во пласманот по 5 трки и зза сега го имаат епитетот најдобри од останатите.

Во 2018 година, Петробрас потпиша договор за рекламирање со Мекларен за наредните 5 години. Моментално, компанијата, по одлука на владата, се обидува да најде начин да го раскине договорот.

Договорот нема никаква смисла, тоа е апсурд, не вреди само за лого на кацигата – изјави Осмар Тера, министер за граѓански работи на бразил.

По помалку од 18 месеци од петгодишниот договор, раскинувањето најверојатно ќе има голема финансиска казна за Петробрас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ