Петто место и совршен ден за Саинз

Карлос Саинз го опиша Јапонското Гранд При како совршен ден откако одличните квалификации утрото ги претвори во 5то место на попладневната трка.

Првиот круг мина во знакот на лошито старт на Фетел и контактот на Леклер и Верстапен, така што ретко кој заележа дека Саинз го напаѓаше 4то место на Луис Хамилтон со кого имаа и ситен контакт. Во 26от круг загуби позиција од Александер Албон, но го задржа до крај Леклер зад себе, а и откажувањето на Верстапен му донесе фантастично 5то место, трети таков пласман сезонава за него.

искрено беше совршен ден, квалификациите беа чисти, стартот исто така, трката продолжи непроменето. успеав да менаџирам долга прва серија и тоа ми даде можност за силен крај на трката со медиум гумите. втората серија беше многу силна затоа што имав одличен ритам.

кога албон и леклер влегоа во бокс, еден пред мене, а еден поазди мене, успев да го задржам нивниот ритам, што веројатно е најдоброто изненадување годинава за тимот, да се успее да се има простор и да се менаџира со ритамот на ферари и ред бул тие кругови беше посебно – смета саинз.

Со овој рзултат, Карлос го превзема 6то место од Пјер Гасли кого “го води“ 3 поени, а има и 12 поени предност во однос на Александер Албон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ