Пирели ги номинираше компонентите за финалето во Абу Даби

Снабдувачот на пневматици во Формула 1, Пирели, го потврди изборот на компоненти за финалето во првенството, трката за Голема Награда на Абу Даби.

Компонентите кои ќе бидат на избор се избрани само по четврти пат годинава, К3 (Хард – Бела), К4 (Медиум – Жолта) и К5 (Софт – Црвена).

Ова е истиот избор како и за патеките во Монако и Канада, а истите ќе бидат користени и во Сингапур наредниот месец.

Според правилата, Пирели ја номинираше К5 како квалификациски пневматик и секој возач мора да има еден сет за третиот сегмент доколку се пласираат во топ 10. Истиот сет ќе биде вратен на Пирели за тие кои го искористиле во сегментот, но останатите возачи ќе го задржат за трката, што им овозможува мала предност.

На возачите ќе им биде овозможен еден сет од секоја компонента, а тие може да ги изберат останатите 10 сета, односно секој има вкупно 13 сета за целиот викенд.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ