Пирели ги откри стратегиите за Спа

Пирели ги донесе трите најтврди гуми од својата гама за да се соочат со предизвиците кои со себе ги носи долгата Спа Франкошамп односно своите Ц1, Ц2 и Ц3 компоненти.

Лани трката ја доби Себастијан Фетел со едно застанувањ во боксот, а успеа зад себе да го задржи Луис Хамилтон.

Првата десеторка денеска ќе почне на софт, иако Даниел Рикардо и Нико Хулкенберг поради нови мотори ќе бидат деградирани во поредокот и ќе почнат надвор од топ 10.

веројатно најбрза стратегија е со едно застанување и промена од софт на медиум и не сме воопшто изненадени што за време на квалификациите ги видовме само црвените гуми кои се најмеки.

дали некој ќе одбере алтернативна стратегија зависи од самата трка и од временските услови, ако времето се промени или има безбедносно возило тоа може да ги намами возачите кон потврди гуми или кон дополнително застанување во бокс.

временската прогноза вели дека ќе биде поладно од вообичаените температури во сабота кои донесоа доста интересни квалификации.

менаџирањето на задните гуми ќе биде многу важно на трка особено контрола на деградацијата од абразивната подлога на предизвикувачката патека – најавуваат од пирели.

Долгите летечки кривини буквално ги казнуваат гумите, а поладните температури ќе им помогнат на гумите подолго да преживеат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ