Пирели го комплетираше првиот тест на 18-инчните гуми

Снабдувачот со гуми во Формула 1, италијански Пирели, го заврши првиот тест со 18-инчните гуми кои треба да почнат да се користат од 2021 година.

На ланскиот тендер италијанците имаа конкуренција од Ханкоок за позицијата единствен снабдувач со гуми во врвот на мотортспортот до 2023 година, но победија и го задржаа своето монополско место.

Пирели има дозвола за 25 денови тест со екипите во текот на годината, но годинава решија дел од деновите за гумите за 2020 година да ги искористат за тест за 18-инчните кои треба да се возат година подоцна.

Тестерот на Рено, Сергеј Сироткин, во Четврток и Петок на Пол Рикар тестираше вкупно 213 кругови со поголемите гуми монтирани на модифицираниот РС18 болид.

ја комплетиравме планираната програма од 213 кругови со 18-инчните гуми во текот на два дена. беше многу користно за нас да добиеме првичен впечаток за новата генерација на гуми пред да почнеме со развојот.

во моментов е многу рано за било што да се каже, но имаме прелиминарни податоци за кругови возени во добро време и многу сме им благодарни на рено и на сергеј – изјави исола.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ