Пирели демантираат дека успехот на Мерцедес доаѓа од гумите

Пирели ги отфрлија гласините дека гумите имаат врска со одличната форма на Мерцедес и нивната доминација од почетокот на сезоната.

Италијанскиот производител оваа година донесе гуми со помал гумен слој за сите трки за разлика од минатата година кога такви пневматици се користеа само на три трки кои има нов асфалтен слој.

Доминацијата на Мерцедес ги натера другите тимови да бараат да се вратат ланските гуми за сите трки, но според Исола оваа година гумите немаат само различна дебелина на потрошен слој. Тој верува дека разликата во перформансите е поради тоа што некои тимови полесно се приспособиле кон измените.

Очигледно дека Мерцедес се многу брзи, Но што треба да кажеме за Мекларен и за Торо Росо и Рено. Имаме тимови кои лесно ги разбираат гумите.

Минатите години некои тимови полесно се снаоѓаа. Некогаш тоа беше Мерцедес некогаш Ред Бул или Рено – смета исола.

Но резултатите од трите трки каде се користеше потенкиот слој минатата година се доказ дека на Мерцедес му прилегаат овие гуми.

Во Барселона имавме трка каде Мерцедес доминираше, Но на сезонскиот тест Фетел искоментира дека овие гуми се подобри од старите. Тоа се негови зборови, не се мои. Значи во Барселона овие гуми беа подобри кај сите.

На Пол Рикар имавме ситуација каде не сите болиди беа побрзи. Во Силверстон Мерцедес не победи. Тешко е да се тврди дека овие гуми им даваат предност на Мерцедес пред другите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ