Пирели збунети од критиките на некои екипи

Снабдувачот со пневматици во Формула 1, италијански Пирели, вели дека не ги разбира поплаките од некои тимови и возачи околу нивните спецификации за 2019 година и дека истите се потешки за работа.

Променливата форма на Хаас, преку која нивниот брз болид имаше потешкотии во трка бидејќи пневматиците не беа во оптималниот прозорец, го истакна предизвикот од новите гуми.

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, истакна дека влијанието на пневматиците е преголемо и посочи дека потенката допирна површина ги оневозможува возачите да ја одржат температурата.

Трошиме милиони и милиони да ги развиеме овие болиди, а потоа тие не се во прозорот на пневматиците и не функционираат.

Не ги критикувам исклучиво Пирели. Не критикувам и нас исто така бидејќи некои тимови имаат успех во наоѓањето на оптималниот прозорец. Но генерално, тоа не е правилно. Не треба по трките да дискутираме дали пневматиците работеле кај една екипа, а кај друга не.

Но тркачкиот директор на Пирели, Марио Исола, е збунет зошто некои екипи сметаат дека пневматиците годинава се потешки за работа и ги отфрли претпоставките дека оптималниот прозорец бил помал годинава од минатата.

Ако говориме околу големината на тој прозорец и слушнав коментари дека е помала годинава, тешко е да го потврдам тоа.

К3 и К4 компонентите за нас се идентични на софт и ултрасофт од минатата година. Очигледно работниот прозорец зависи од компонентата, а со иста компонента ќе имаме ист прозорец.

Не сакам да кажам дека е поголем, но тоа што ќе кажам е дека тие може да користат повисоки температури поради дебелината на допирната површина, но не можам да кажам дека е помал.

К1 и К2 се две компоненти кои се помеки од минатата година, а К5 во однос на тврдина е идентичен на хиперсофт, така што во однос на механички отпор, тие се подобри.

Имавме споредба во Баку кога некои екипи ги користеа хиперсофт во споредба со К5 и јасно е дека К5 има помало првично трошење од хиперсофт, така што не разбирам каде е тој помал прозорец.

Очигледно ги прифаќам сите коментари на тимовите, бидејќи тие бараат поголем прозорец за оптимална работа.

Тоа што е јасно е дека мора да работиме во иднина да имаме поголем прозорец. Очигледно ги дизајнираме пневматиците за 2020 година и исто така за 2021 година размислуваме да ги отстраниме покривачите за греење, така што го менуваме пристапот кон дизајнот на компонентите.

Тестираме нови состојки и нови материјали за да ја постигнеме оваа цел и ќе анализираме дали може да воведеме нешто ново за 2020 како и за 2021 година – темелен во свите објаснувања е Марио исола.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ