Пирели: Изборот на возачите за Азербејџан

Италијанскиот доставувач со гуми во Формула 1 се реши на улиците низ Баку болидите да ги опреми со трите средни компоненти од својата гама од 5 различни видови гуми.

Шеснаесет возачи од вкупно 20 побараа и добија само по еден сет хард гуми. По два сета на располагање ќе имаат Даниел Рикардо, Кими Раиконен, Даниил Квјат и Џорџ Расел.

Во однос на средната компонента има најмногу разлики. Додека Даниел Рикардо од Рено побара и доби само еден сет жолто означени гуми, двајцата возачи на Ферари имаат по 5 сетови медиум. Изборот на останатите е од 2 до 3 сетови, освен на Мерцедес кои за Ботас и Хамилтон обезбедија по 4 сетови.

Како и секогша најбарани се најмеките гуми. Дури по 10 софт имаат возачите на Мекларен и на Рејсинг Поинт, по 9 сетови добија Алфа Ромео, Торо Росо, Вилијамс и Ред Бул, 8 сетови имаат Ботас и Хамилтон, а само 7 сетови момците од Маранело.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ