Пирели: Изборот на возачите за Монако

Ферари и Ред Бул избрале максимални 11 сетови на најмеката К5 компонента на Пирели за трката во Монако, каде повеќетоа Ф1 тимови ја фаворизираат истата.

Уличната трка ќе биде прва за К5 компонентата, најмеката во понудата на Пирели за 2019 година. Тимовите севкупно имаат минимален избор на К3 и К4 компонентите во полза на К5.

Возачите на Ред Бул, Макс Верстапен и Пјер Гасли, како и тие на Ферари, Шарл Леклер и Себастијан Фетел, ќе имаат по 11 сетови од софт во Монте Карло, со по 1 сет на медиум К4 и хард К3.

Овие две екипи се единствените на гридот со толку екстремен избор, додека повеќето други екипи, како Мерцедес, избраа 10 сета. Кај Ботас и Хамилтон, тие ќе имаат дополнителен сет на медиум.

Рено и Хаас се единствените екипи кои го поделија изборот помеѓу своите возачи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ