Пирели контра предложеното ограничување за гумите

Шефот на Пирели, Марио Исола е против предложеното ограничување на користење на одредени компоненти во текот на тркачките викендо во 2021 година.

Помеѓу многуте предлози за кои се дискутира е и ограничување на возење со само две компоненти во текот на викендот за да третата остане без многу информации што ќе доведе до непредвидливост доколку се вози на трка.

Предлогот доаѓа од она што се случува на трките каде тренинг сесиите се под дожд, така што екипите немаат доволно суво време за да ги извозат и да соберат доволно податоците за сите компоненти.

во 2021 година ќе имаме целосно нови гуми и на тимовите секако дека ќе им треба време да ги разберат. постоеја разговори да се ограничи употребата на компонентите на тренинг сесиите, да не се даде можност на екипите да соберат доволно информации за сите гуми за да се додаде непредвидливост на неделната трка.

тоа значи дека екипите со млади возачи ќе бидат доста оштетени. таква идеја можеби е изводлива за следната година со познати гуми и правила, но од 2021 година ќе имаме 18-инчни тркала и целосно нова конструкција на гумите. ќе биде непознаница за сите, а ограчничување за возачите ќе биде многу, многу тешко.

нема да имаат повеќе тестови, а дополнително да немаат можност да ги пробаат гумтие на тркачките викенди ќе биде особено тешко за младите возачи – смета марио исола од пирели.

На италијанецот не му се допаѓа нити предлогот да се примораат возачите да ги користат сите три компоненти во текот на трката, наместо две. тоа ќе значи две задолжителни влегувања во бокс наместо едно.

имаше разговори и за тоа, но јас сметам дека нема да биде одобрено затоа што се притискаат екипите да прават иста стратегија. ако целите на различни стратегии тогаш не треба да се даваат толку прецизни насоки за работа.

Шефот на Пирели откри и дека се разговарало и да им се даде на екипите право да бираат од сите 5 компоненти, а не од три како до сега.

ние им кажавме дека можеме да им понудиме таков дополнителен избор за да одлучат што сакаат. сепак, можеби на некои трки ќе треба да се стави лимит на пример ако се однесе ц5 на сузука или силверстон е премногу агресивно, но малите екипи можеби ќе го направат за подобро да се квалификуваат, така што треката од старт ќе биде компромитирана и ризична.

со некои ограничувања ова е можно и изводливо да се носат 5 компоненти наместо да се бира од 3, но треба да биде изгласано.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ