Пирели: Нема ниту едно барање за промена на пневматиците

Иако повеќето Формула 1 тимови се жалат околу пневматиците годинава, ниту еден не поднел официјално барање за промена на пневматиците.

Годинава Пирели воведе потенки пневматици, како тие кои се користеа во Шпанија, Франција и Британија минатата сезона.

Целта на потенката површина е да се намали презагревањето, како и појавата на пликовите. Сепак, се покажа дека истите тешко се доведуваат во оптимален прозорец.

Повеќе екипи, како Хаас, се гласни во критиките кон пневматиците, додека тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, вели дека 9 од 10те екипи сакаат да се користи компонентата од минатата година.

Единствениот тим кој нема проблеми, Мерцедес, има 7 последователни победи. Иако повеќе тимови се жалат, ниту еден не пристапил кон шефот на Пирели, Марио Исола, да побара промена.

Многу е јасно како може да се модифицира конструкцијата на компонентите во текот на сезоната. Не сум добил ниту едно барање досега.

Ако добијам барање кое има смисла, ќе го земам предвид. Ќе разгледаме што треба да се направи за да се модифицираат и ќе дискутираме со ФИА. Ние во Пирели, може да ја мофицираме конструкцијата на компонентата, спецификацијата, само за безбедност.

Дури и да испратам барање до ФИА, ако сум искрен, не знам што да напишам во тоа барање бидејќи нема причина поврзана со безбедноста.

Нема сомнеж кон безбедноста.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ