Пирели очекуваат една промена на гуми

Снабдувачот со гуми во Формула 1, Пирели, очекува стратегија со едно застанување во боксот во Пол Рикар поради промена на гуми.

Италијанците ги донесоа трите средни компоненти од својата гама, Ц2 како најтврда, Ц3 како средна и Ц4 како најмека гума.

Најголем дел од возачите напредуваа во К3 на средната компонента на која ќе стартуваат, освен Пјер Гасли од Ред Бул и Антонио Џовинаци кои немаа брзина да го направат тоа и ќе почнат на силно еградирачкиот софт.

најбрза стратегија за трката од 53 кругови е со едно застанување во боксот, а оптимално е да се почне на медиум и да се вози 22-27 кругови, а потоа да се промени на хард до самиот крај.

доколку почнувате на софт, можно е да се комплетира трката со едно застанување, но треба да се вози 14-16 кругови со првиот сет, а потоа хард за останатите кругови од трката.

можно е и стратегија со две застанувања во бокс кој е многу побавна и најдобо да се одбегне освен ако не мора да се изведе. за две застанувања логично е да се почне на софт и да се вози со него 5-8 кругови, потоа медиум за уште 22-27 кругови и на крајот повторно на медиум.

клучно во стратегијата овдека е менаџирање на деградацијата на гумите по топлите услови кои владеат поради што првата стратегија е најдобра и многу возачи одбра да се квалификуваат во к2 на медиум – сметаат од пирели.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ