Пирели подготвени да ги откријат гумите за следната година

Италијанскиот снабдувач со гуми во Формула 1, Пирели, веќе е подготвен да ги номинира спецификациите на своите пневматици за 2020 година по дводневниот тест во Барселона.

Ферари, Ред Бул и Мерцедес се согласија да учествуваат на вонредниот тест како последна шанса на Пирели да дознае колку што може повеќе за гумите со кои ќе се тркаат болидите следната година.

Формално и Светскиот Мотор Спорт Совет на ФИА треба да ги одобри компонентите затоа што поребна е и промена на спортскиот правилник.

Себастијан Фетел со Ферари комплетираше 145 кругови, Александер албон со Ред Бул извозе 115 кругови во Среда, додека во Вторник Естебан Окон на Мерцедес беше сам на патеката и комплетираше 144 обиколки во Барслона Каталуња. Вкупно италијанците добија 404 кругови во рок од два дена тестирање, а Марио Исола е задоволен и смета дека податоците кои претходно ги имале се потврдиле

имавме многу возење со трите најсилни екипи изминатите два дена што ни овозможи да ги прибереме податоците кои ги сакавме. како резултат на тое дојдовме во ситуација да ги номинираме спецификациите за 2020 година. голема благодарност до трите екипи како и возачите кои учествуваа на тестот – изјави исола.

Како дел од тестот, Пирели ја искористи можноста и да вози 18-инчни тркала на Формула 2 болид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ