Пирели предвидува едно застанување

Снабдувачот со гуми, италијански Пирели, најавува едно застанување во бокс за време на Големата награда на Унгарија доколку прогнозите на трка без дожд се остварат.

Тесниот и полн со кривини Хунгароринг е тежок за гумите, но влијание врз тоа имаат температурите на воздухот и асфалтот во текто на денот.

Мерцедес, Ред Бул и Ферари ќе ја почнат трката на медиум, а останатите од топ 10 ќе почнат на црвениот софт. Останатите имаат право на слободен избор на гуми.

Пирели верува дека 70те кругови најбрзо се комплетираат доколку се почне на софт компонента со која би се возеле 24-30 кругови, а потоа да се промени на хард за остатокот на трката.

Втор најбрз пристап е почеток на медиум со кој би се комплетирале 30-35 кругови, а втората серија да биде на софт компонентата до крајот на трката.

Трета стратегија за Пирели е исто така со едно застанување, но најпрво софт за 22-28 кругови, а потоа хард за остатокот од трката.

Постои и можност за две застанувања каде почетокот е на софт 16-20 кругови, а потоа две серии од по 25-27 кругови на медиум.

Во моментов прогнозите не предвидуваат дождт, иако изненадување не е исклучено.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ