Пирели препорачува една промена на гуми

снабдувачот со гуми во Формула 1, италијански Пирели, препорачува едно менување гуми за денешното Гранд При откако направиле симулација и ги анализирале сите податоци од тренигн сесиите и квалификациите.

Пирели предлага дека најдобар начин да се мине вообичаено Италијанско Гранд При е со едно застанување за промена на гуми во текот на 53те кругови низ Храмот на моторспортот.

Сепак, шефот на Пирели, Марио Исола, е свесен дека променливите временски услови кои владеат викендов може многу да ја искомплицираат работата во однос на сетирањето и стратегијата за трка.

очекуваме многу различни услови на трка одошто тоа беше случај на квалификациите и претпоставките се дека времето може многу да смени. тоа го прави тешко менаџирањето на викендот од инженерска гледна точка, како и од аспект на гумите затоа што екипите мора да се подготват за мокро и суво време однапред – најави исола.

Пирели од поодамна најавија дека трите компоненти кои ги донеле за оваа трка се доволни за да им овозможат на возачите возење “до даска“ од почетокот до крајот на трката.

Според анализата на Пирели, оптимална стратегија за предвидентие 53 кругови е со една промена, но можни се и две. Најбрзо ќе се мине доколку се стартува на софт и околу 22от круг се промени на медиум, тоа е тоа на што целат сите од топ 10.

Блиску до најбрзата стратегија е уште една со едно застанување, почеток на софт, но форсирање во текот на 19 кругови, а потоа промена на хард компонентата до крајот на трката. Можен е и старт на медиум и промена на хард по 24 кругови.

Значително побавно е со две менувања, но тоа во многу ќе зависи од деградацијата која ќе ја има софт компонентата. Можни се две серии на софт од по 16 кругови и потоа медиум до крајот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ